Трамп ја загуби жалбата, мора да сведочи во истрагата во Њујорк

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да сведочи пред судот во Њујорк како дел од граѓанската истрага за неговиот бизнис, одлучи денеска Апелацискиот суд.

Судот го отфрли аргументот на Трамп дека треба да биде ослободен од обвиненијата бидејќи неговите одговори може да се употребат против него во паралелна кривична истрага.

Четиричлениот совет на Апелацискиот оддел ја потврди пресудата на судијата Артур Енгорон на 17 февруари, со која се потврдија повиците до Трамп и неговите две деца Иванка и Доналд да сведочат во истрагата на јавниот обвинител Летиција Џејмс.

„Уште еднаш, судовите донесоа одлука дека Доналд Трамп мора да ја почитува нашата законска истрага за неговите финансиски работи“, наведе Џејмс во изјавата, додавајќи дека судот ќе продолжи да ги следи фактите на овој случај и да гарантира дека никој не може да го избегне законот.

Истрагата откри докази дека организацијата на Трамп користела лажни или погрешни зголемени проценки на средствата за да добие заеми и даночни олеснувања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски