Трамп ја пролонгира најавената масовна депортација на мигрантите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на Твитер објави дека „на барање на демократите“ ја одложил масовната депортација на илегалните мигранти, што беше планирана за денеска.

Трамп им даде рок од две недели на демократите и републиканците во Конгресот да се договорат за решавање на проблемите на јужната граница на САД, а во спротивно ќе нареди отпочнување на депортација.

– На барање на демократите го одложив процесот за отстранување на илегалните мигранти (депортација) на две недели, за да видам дали демократите и републиканците можат да седнат и заедно да изнајдат решение за проблемите со азилот и дупките на јужната граница. Доколку не можат, почнува депортацијата!, наведе Трамп на Твитер.

Тој вчера им нареди на надлежните служби да спроведат масовна депортација на мигрантите на кои им е наложено да заминат од САД.

Со депортацијата, според американските медиуми, требаа да бидат опфатени околу 2.000 семејства од големите градови.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Тригодишно момче и двајца возрасни се убиени на Флорида

Рекорден број мигранти се движат кон границата со САД, нов тест за Бајден

(ВИДЕО) Американец падна во урнат мост поради инструкции на Гугл мап и се удави

Пронајдени се остатоци од исчезнатиот „невидлив“ американски авион

Горан Наумовски