Трамп ја предупреди Русија да не се меша во изборите во САД

Од:

Во текот на средбта со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да се реши судирот со Украина, соопшти Белата куќа.

Со Лавров разговараше и американскиот државен секретар Мајк Помпео кој порача дека е „неприфатливо“ било кое странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји им порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето, пренесе Гласот на Америка.

На прес конференцијата со својот руски колега, со кого во Стејт департментот разговараше за контролата во вооружувањето , Украина, Сирија и Венецуела, Помпео нагласи дека администрацијата на Трамп ќе го спречи мешањето во изборите.

-Јасно кажав дека тоа е неприфатливо и на Русија јасно и ги изнесов нашите очекувања. Администрацијата на Трамп секогаш ќе работи на заштитата на интегритетот на изборите, нагласи Помпео.

Непосредно пред средбата со Трамп во Белата куќа Лавров повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Тој кажа дека Русија сакала да се објават детали од комуникацијата со Вашингтон која, како што наведе, ќе ја ослободела Русија од обвинувањето дека се меша во изборите, но дека САД тоа го блокирале.

Во соопштението на Белата куќа од средбата меѓу Трамп и Лавров се наведува и дека американскиот лидер ја нагласил својата поддршка за ефикансата глобална контрола во вооружувањето која не ја вклучува само Русија, туку и Кина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Маршот за права во Чикаго заврши со масовен грабеж на брендирани продавници

Горјан Грнчаровски

Куомо: Само училиштата во Њујорк што имаат цврст план до петок, ќе може да се отворат

А1он

САД изразуваат загриженост од ситуацијата во Белорусија

А1он

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа

А1он

Кина воведе санкции против 11 Американци, меѓу кои и шестмина сенатори

А1он

ВИДЕО: Силна експлозија во Балтимор: eдно лице почина, голем број се повредени

Горјан Грнчаровски