Трамп ја намали затворската казна на ексгувернерот Род Благоевич

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја намали затворската казна на Род Благоевич, поранешен гувернер-демократ на сојузната држава Илиноис.

Благојевич беше осуден на 14 години затвор поради, како што укажаа обвинителите, обид да го „продаде“ сенаторското место од Илиниос, ослободено по изборот на Барак Обама за претседател на САД во 2008 година.

Благојевич, додека беше под истрага за злоупотреба, во 2010 година учествуваше во „Кандидат“, реалното шоу на Трамп, а од фунцијата беше отстранет претходната година.

– Точно, го намаливме затворскиот рок на Род Благоевич. Осум години затвор е доволно долго, кажа Трамп денеска на новинарите додека патуваше со авион во Лос Анџелес.

Благоевич е еден од четворицата кои претседателот Трамп денеска ги помилува со намалување на затворските рокови.

– Претседателот ги скрати затворските казни на четири лица кои ги исплатиле своите долгови пред општеството и во затвор работеле да го подобрат својот и животот на другите околу нив, се вели во изјавата од Белата куќа.

Покрај тоа, Трамп денеска целосно помилува седум лица, вклучувајќи го и бизнисменот Едвард Де Бартоло-помладиот, финансиерот Мајкл Милкен, претприемачот Ариел Фидлер и Бернард Керик, поранешен комесар во управата на полицијата во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Трамп со критики до Светската Здравствена Организација: Тие навистина ја утнаа работата

А1он

Трамп по вторпат со негативен наод на тестот за коронавирус

Ана Ололовска

По твитот на американскиот претседател Трамп цената на нафтата се зголеми

А1он

Телефонски разговор Трамп-Путин

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Куомо е подобар кандидат за претседател од „заспаниот Џо“

А1он

Трамп: Путин веројатно ќе побара укинување на санкциите на САД за време на претстојниот телефонски разговор

А1он