Трамп издавал тајни: На Лавров му кажал за операција против Исламска држава, а на Џинпинг за напад на Сирија

Од:

Неодамнешното запленување доверливи владини документи на раскошниот имот во Мар-а-Лаго, поранешната „зимска Бела куќа“, јасно покажува колку безбедносна загриженост претставува поранешниот американски претседател, велат експертите.

Доналд Трамп е под истрага на ФБИ за можни прекршувања на Законот за шпионажа, кој, меѓу другото, спречува споделување доверливи информации на оние кои не се овластени да ги имаат.

На почетокот на мандатот тој наводно спонтано му дал на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров високо доверливи информации за операцијата против Исламската држава.

Иако Тајната служба го обезбедува поранешниот претседател и локацијата, нејзините агенти немаат овластување да ги контролираат гостите или членовите на клубот на Трамп.

Министерството за правда не објави каде и како се чувале документите и фотографиите.

Трамп, пак, тврди дека сите документи со кои располага се декласифицирани и дека биле на безбедно место. Агентите на ФБИ од имотот зедоа десетици кутии со документи, вклучително и некои со информации за одбраната.

„Тоа опкружување е кошмар за ракување со високо доверливи информации“, изјави поранешен службеник на американското разузнавање. „Кошмар“, повтори тој.

Добар пример е свечената вечера на Трамп и тогашниот јапонски премиер Шинзо Абе, која беше организирана во 2017 година на огромната отворена тераса во Мар-а-Лаго со многу други гости. Вечерата беше нарушена од севернокорејски ракетен тест, па гостите кои кружеа наоколу можеа да го слушнат и снимат разговорот на Трамп и Абе за контрамерки.

Белата куќа тогаш одлучи да постави безбедна просторија во Ма-а-Лаго за чувствителни разговори. Таму Трамп и неговите соработници одлучија да извршат воздушни напади врз Сирија поради употребата на хемиско оружје.

По донесувањето на одлуката, Трамп се подготви за свечена вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг. Издржал до чоколадниот десерт за да не му разјасни на својот кинески колега што има намера да прави.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД