Трамп им порача на универзитетите да го спречат антисемитизмот ако сакаат пари

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со цел сузбивање на антисемитското вознемирување на факултетските кампуси, кое неговата администрација го опишува како растечки проблем.

– Ако сакате да прифатите огромна сума долари од државата што ја добивате секоја година, мора да го отфрлите антисемитизмот. Тоа е многу едноставно, им порача Трамп на универзитетите.

Согласно наредбата, Министерството за образование ќе ја разгледа дефиницијата за антисемитизам според Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот, а обвинувањата за дискриминација ќе ги оценува според Законот за граѓански права. Тоа значи дека можат да им скратат средства на образовни институции за кои ќе се утврди дека прекршиле одредби од тој закон.

Наредбата доаѓа во време кога движењето за бојкот, откажувањето од инвестициите и санкциите против израелската Влада поради нејзиното постапување со Палестинците, стануваат се поистакнати на некои факултетски кампуси.

Израелската влада ги повика сојузниците да го спречат движењето за бојкот, додека приврзаниците ги негираат обвинувањата за антисемитизам и се опишуваат како критички настроени кон одлуките на Израел, а не кон Евреите.

– Мојата администрација никогаш нема да толерира забрана, прогон или замолчување на еврејскиот народ. Ние остро ја осудуваме оваа антисемитска кампања против државата Израел и нејзините граѓани, рече Трамп.

Критичарите велат дека наредбата е заснована на застарено законодавство, кое е направено помалку за борба против антисемитизмот, а повеќе за „ублажување на ефектот врз слободата на говорот и за разбивање на критичарите на Израел“.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД