Трамп им нареди на американските компании да заминат од Кина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер им нареди на американските компании да ја напуштат Кина, откако Пекинг возврати со царини за стоки од САД во вредност од 75 милијарди долари.

Во соопштенијата на Твитер, Трамп истакна: „нам не ни треба Кина и, искрено, ќе ни биде подобро без неа“.

– Огромни суми пари се крадени од Кина со години, со децении. Тоа мора да запре, напиша претседателот Трамп.

Додаде дека им наредил на американските компании веднаш да почнат да бараат алтернатива на Кина или да ги префрлат своите производствени операции „дома и да прозведуваат во САД“.

Тој истакна дека им наредил и на поштенските служби како „Федекс“, Амазон „Ју-Пи-Ес“ или Американски пошти да одбијат да испорачуваат од Кина во САД.

Во увозните царини на производи во висина од 75 милијарди долари што денеска ги воведе Кина првпат се најде и американска нафта, а тарифита за автомобили произведени во САД беа обновени. Ова беше одговор на тарифите за кинески стоки од 300 милијарди долари претходно воведени од Трамп.

Царините стапуваат во сила сукцесивно, на 1 септември и 15 декември.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг до американскиот Конгрес: Простете, но не се трудите доволно

Ана Ололовска

Над еден милион ученици „ќе избегаат“ од часови заради Штрајкот за климата

Ана Ололовска

САД го тужат Сноуден поради книгата, бараат конфискација на приходите од продажбата

Ана Ололовска

САД идентификуваа локации во Иран од каде се погодени саудиските нафтени постројки

Ворен објави војна против лобизмот и корупцијата

Поранешниот менаџер на кампањата на Трамп сведочи во Конгресот