Трамп и неговите деца ќе мора да сведочат за семејната компанија, Трамп за процесот вели дека е „лов на вештерки“

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите две полнолетни деца би требало да сведочат во граѓанската истрага што њујоршкиот јавен обвинител ја води во врска со семејниот бизнис на Трамп.

dobivaj vesti na viber

Сведочењето на Трампови доаѓа во време кога се водат низа правни истраги околу нивниот семеен бизнис, само неколку дена откако агенти на ФБИ го претресоа нивниот имот во Мар-а-Лаго на Флорида како дел од одвоената федерална истрага што против поранешниот претседател се води за тоа дали зел доверливи записи при напуштењето на Белата куќа.

Граѓанската истрага што во Њујорк ја предводи државната обвинителка Летиција Џејмс, вклучува наводи дека компанијата на Трамп пред заемодавачите и даночните власти погрешно ја опишала вредноста на имотот, пред се на недвижнините како терените за голф и деловните згради.

“Вечерва во Њујорк. Утре кај расистичкиот обвинител на државата Њујорк, како продолжение на најголемиот лов на вештерки во историјата на САД“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“, осврнувајќи се на неговите често повторувани тврдења за афроамериканката Џејмс.

“Мојата голема компанија и јас сме нападнати од сите страни. Банана Република“, додава Трамп.

Адвокатите на семејството и на компанијата Трамп постојано, но без успех се обидуваа да го блокираат повикот на тужителот Џејмс за нивно сведочење, како и други барања за информации за компанијата.

Обвинителката Џејмс истражува евентуална манипулација и противправни активности на „Организација Трамп“ по однос споменатите проценки на различни имоти во сопственост на компанијата. Се проверува дали компанијата дала различни проценки за имотот, за на тој начин да се здобие со поповолни услови за кредити и осигурување, како и за даночни олеснувања.

Доналд Трамп Џуниор моментално раководи со „Организацијата Трамп“ заедно со неговиот брат Ерик. Иванка Трамп која вршеше функција висок советник во Белата куќа за време на претседателствувањето на нејзиниот татко, е поранешен извршен директор на „Организацијата Трамп“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара 475 милиони долари

Шолц не очекува потпишување на нуклеарен договор со Техеран во блиска иднина

А1он

„Гугл“ му ја блокира социјалната мрежа на Доналд Трамп

Горан Наумовски

Трамп тврди дека има информации за сексуалниот живот на Макрон, ги дознал од „тајни“ служби

А1он

Вашингтон пост: Логично е да се дојде до заклучок дека САД се на работ на граѓанска војна

А1он

184 доверливи документи се пронајдени во одморалиштето на Трамп