Трамп и неговата компанија се прогласени за виновни за измама

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за одговорни за измама во граѓанска тужба поднесена од државниот обвинител Летиција Џејмс, која го обвини дека незаконски тврдел дека има поголем имот и нето вредност.

Одлуката ја донесе судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк во Менхетен.

Џејмс го тужеше Трамп во септември 2022 година, обвинувајќи го него и фирмата дека цела деценија лажеле за вредноста на нивните средства и нето вредноста на 45-тиот американски претседател со цел да добијат подобри услови за банкарски заеми и осигурување.

Би можело да ве интересира

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски