Трамп и Меркел разговараа за Либија и Западна Африка

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел денеска накратко разговараа за ситуацијата во Либија и Западна Африка, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

– Претседателот Трамп и канцеларката Меркел се повлекоа од останатите и имаа куса средба од околу 10 минути.”, рече Сандерс, додавајќи дека се договориле подетално да разговараат на Самитот на Г20, кој ќе се одржи во Јапонија подоцна месецов.

Трамп и Меркел присуствуваа на прославата на 75-годишнината од Денот Д во Портсмут, а американскиот претседател по завршувањето на тридневната посета на Велика Британија, отпатува за Ирска.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност