Трамп и Конгресот договорија ново зголемување на државниот долг на САД

Од:

Белата куќа синоќа се договори со Конгресот за зголемена граница на државниот долг и за висината на буџетот за 2020 и 2021 година.

-Компромисот е уште една победа за американските војници и воени ветерани, напиша денеска американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

Тој сепак не укажа колкава ќе биде висината на државниот долг.

Претходно, министерот за финасии, Стивен Мнучин изјави дека лимит на задолженост од 22 илјади милијарди долари треба да биде усогласен во американската Влада до септември.

Според „Волстрит Журнал“, договорот на Трамп со Конгресот предвидува лимитот да дејствува до средината на 2021 година. Админисрацијата и Конгресот се договорија и за зголемување на буџетските расходи во следните две години за 320 милијарди долари.

За време на претседателствувањето на Трамп, буџетските расходи на САД нагло пораснаа, пред се поради одлуката да се намалат даноците на бизнисот во 2017 година. Управата за буџет во Конгреост предвидува дека буџетскиот дефицит во 2019 година ќе биде 896 милијарди долари, или 4,4 отсто од БДП на земјата, и 892 милјардои или четири отсто од БДП во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Трамп со демократите разговара за контролата на оружјето

Ана Ололовска

Стејт департментот одобри продажба на авиони-ловци Ф-16 за Тајван

Ана Ололовска

Политико: Трамп ја одложи средбата со данската премиерка, откако таа одби да им го продаде Гренланд на САД

Ана Ололовска

Трамп повторно бара Русија да се врати во Г-7

Ана Ололовска

Помпео за Северна Кореја: Знаевме дека ќе има препреки

Белата куќа разгледува намалување даноци за да се избегне рецесија