Трамп го тужи поранешниот адвокат Коен за повеќе од 500 милиони долари

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен за повеќе од 500 милиони долари, се вели во поднесокот пред федералниот суд во Флорида.

Тужбата доаѓа откако Коен сведочеше пред големата порота на Менхетен, која подоцна го обвини Трамп за 34 кривични дела за фалсификување деловни книги.

Тоа беше првпат во историјата на САД поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело. Трамп, кој бара републиканска претседателска номинација во 2024 година, се изјасни за невин на 4 април.

Коен треба да биде клучен сведок во секое можно судење во случајот околу тајната исплата што ја направил пред изборите во 2016 година на порно ѕвезда која вели дека имала вонбрачна врска со Трамп.

Во тужбата на Трамп се вели дека Коен го нарушил односот адвокат-клиент со откривање на „доверливи работи“ и ширење невистини во книги, подкасти и медиумски настапи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп го имитираше Бајден: „Момчето не може да се симне од сцената“

Судењето на Трамп започнува на 2 октомври, тој е осомничен за измама

Истражување: Повеќе од 55 отсто од гласачите во САД имаат негативен став за Трамп

Трамп отсуствуваше и на втората ТВ дебата на републиканските кандидати

Трамп и неговата компанија се прогласени за виновни за измама

(ВИДЕО) Трамп: Украина можеше да го избегне конфликтот