Трамп го одложува самитот на Г7

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи состанокот на Групата на седум (Г7) најразвиени земји до есен, што беше планиран за следниот месец во САД и покрај епидемијата на коронавирусот. Тој нагласи дека сака да го прошири со други држави со образложение дека сегашниот облик е „многу застарен“ и не одразува добро „што се случува во светот“.

Тој изјави дека сака да го прошири тој собир со Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.

– Не чувствувам дека Г7 правилно го претставува она што се случува во светот. Тоа е многу застарена група на земји, рече Трамп и додаде: „Би сакал да ги поканам Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да учествуваат во проширениот самит.

Трамп посочи дека се уште не поставил нов датум за состанокот, но дека смета дека тоа би можело да се одржи во септември, во исто време со годишниот собир на светските лидери во ОН во Њујорк или можеби по изборите во САД во ноември.

Директорот на стратешката комуникација во Белата куќа, Алиша Фарах, рече дека Трамп сака да донесе некои од традиционалните сојузници на САД и држави погодени од коронавирусот.

Изјавата на Трамп беше дадена по објавата од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел дека таа нема да учествува на состанокот, освен ако не се промени трендот на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски