Трамп го одбележа Денот на сеќавањето

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска учествуваше на два настана по повод празникот Ден на сеќавањето – ги посети Воените гробишта во Арлингтон, Вирџинија и историската тврдина во Балтимор, Мериленд.

Поради пандемијата, програмата на посетата на воените гробишта беше скратена и претседателот само положи венец со свежи цвеќиња на могилата на незнајниот војник.

Во церемонијата учество земаа првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, министерот за одбрана Марк Еспер, претседателот на Заедничкиот комитет на началниците на штабовите, генералот Марк Мили и други високопоставени официјални лица.

Трамп денеска одржа говори во Форт Мекхенри, каде американските војници извојувале победа над Британците за време на војната во 1812 года. Во чест на оваа победа испеана е песната „Знаме засипано со ѕвезди“, која потоа стана химна на САД.

Градоначалникот на Балтимор, демократот Бернард Џек Јанг, ја осуди одлуката на Трамп да дојде во градот.

-Претседателот дава лош пример на граѓаните во ситуација кога власта повикува тие да останат дома.

Покрај тоа, според него, Балтимор нема вишок пари за организација на претседателска посета, бидеќи поради пандемијата градот губел по 20 милиони долари месечно.

Од Белата куќа изјавија дека „храбрите мажи и жени кои со генерации ја бранеле нашата слобода не седеа дома, па и претседателот нема да седи, а ќе оддаде почит за нивната жртва со посета на ова историско место“.

Денот на сеќавањето е празник кога Американците помнат и ги слават американски војници паднати на боиштата дома и насекаде низ светот.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски