Трамп го обвини Бајден за плагијаторство

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини претседателскиот кандидат на Демократска партија, Џо Бајден за „плагијат“ на неговата економска програма.

– Тој препишува од мене, но нема да му успее. Тој сака да го прави тоа, изјави денеска Трамп алудирајќи на наводни минати случаи за плагијат од страна на Бајден. На вчерашниот предизборен митинг во Пенсилванија, Бајден објави програма „купувајте домашни производи“ за обнова на економијата.

Во програмата на Бајден е предвидено и американската влада да набави американски производи во висина од 700 милијарди долари, и кандидатот најави вложување во научно-истражувачки проекти во обновливи извори на енергија. Со програмата се предвидува создавање на пет милиони нови работни места.

Советникот на претседателот, Келијан Конвеј, пак истакна дека Бајден позајмил дел од политичката програма на „левиот“ демократски кандидат Берни Сандерс. Бајден и Сандерс претходно потпишаа декларација за преземање на прогресивните делови од програмата на сенаторот од Вермонт, кој со Бајден се бореше за номинација во пресрет на претседатеските избори во ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски