Трамп го назначи Рубио за државен секретар

Од:

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека го назначил сенаторот Марко Рубио за државен секретар во следната администрација.

Рубио има длабоко искуство во надворешната политика и од противник на Трамп се трансформира во близок сојузник кој беше во потесниот круг за потпретседател на Трамп, пренесува USA Today.

Рубио во моментов е највисоко рангиран републиканец во Комитетот за разузнавање на Сенатот и член на Комитетот за надворешни работи.

Рубио, Американец со кубанско потекло, ќе биде првиот Латиноамериканец кој ќе ја извршува функцијата државен секретар, според американскиот весник.

Рубио изрази поддршка за воените напори на Украина против Русија, но гласаше против дополнителната помош за земјата минатата година.

Би можело да ве интересира

Трамп го покани Си Џинпинг на инаугурацијата

Зеленски и Макрон му објаснувале на Трамп дека Путин не е истиот од 2017

Катерина Ѓуровски

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида: „Иднината започна“

Трамп: Зеленски е подготвен за мир

ВИДЕО: Трамп го кажа условот за САД да останат во НАТО

Катерина Ѓуровски

Трамп: Зеленски сака крај на лудилото и преговори со Русија