Трамп го нападна Болтон на Твитер поради наводите во новата книга

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп во низа твитови го нападна неговиот поранешен советник за национална безбедност, откако Џон Болтон во неговата нова книга го опиша претседателот како „недоследен“ и „неверојатно неинформиран“ лидер.

Книгата на Болтон е насловена „Собата каде што се случи тоа“, и Трамп напиша дека тоа е „компилација од лаги и измислени приказни, со цел да бидам претставен во лошо светло“.

Американскиот претседател дека „многу од овие апсурдни изјави, кои тој ми ги припишува мене, никогаш не биле направени, чиста измислица“, напиша Трамп, додавајќи дека Болтон е „незадоволна и досадна будала, која сакаше само да војува“.

Трамп истакна дека на почетокот на 17-месечниот престој на Болтон во Белата куќа, во 2018 година, но и во 2019 година, тој размислувал да го разреши. Една од причинитем вели Трамп, биле „глупите“ коментари на Болтон за Северна Кореја, со што се усложниле преговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Во книгата се вели дека Трамп барал од кинескиот претседател Си Џинпинг да му помогне да победи на изборите, мислел дека Финска е дел од Русија, и не бил свесен оти Британија поседува нуклеарно оружје. Центрлано мести има сагата со украинскиот претседател Володомир Зеленски и истрагата за импичмент отворена од Конгресот.

Белата куќа се обидува со судска наредба да ја стопира промоцијата на  книгата на Болтон закажана за вторник идната дедела. Оттаму сметаат дека таа содржи доверливи информации за националната безбедност, кои треба да се чуваат во тајност, иако веќе неколку медиуми обезбедија копии од книгата, и информираат за неа.

Но и критичарите на Трамп велат дека Болтон, наместо да издава книга, за која добил авторски надомест од два милиони долари, можел да се појави на сослушувањата за импичмент на претседателот и да го каже сето ова пред јавноста.

 

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски