Трамп го извести Конгресот за повлекувањето на САД од СЗО

Од:

Еден од лидерите на Демократите во американскиот Сенат, Боб Менендез, соопшти дека администрацијата на претседателот го известила Конгресот за повлекувањето на САД од Светската здравствена организација, одлука што доаѓа во моменти на постојани критики на Белата куќа за работата на ова глобално здравствено тело, јави ДПА.

„Конгресот доби известување дека претседателот официјално ги повлече САД од @СЗО среде пандемијата“, напиша сенаторот Менендез на Твитер, користејќи ја кратенката за претседател на САД (ПОТУС).

Менедез упати и критика, според него чекорот на Трамп не е правичен со оглед на настанатата ситуација, таквата политика нема да ги заштити животите на Американците ниту нивните интереси туку ќе ги направи болни и осамени, додаде сенаторот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај најави дека САД ќе се повлечат од СЗО, обвинувајќи ја организацијата за неуспехот во борбата со пандемијата на коронавирусот и дека е марионета на Кина. Притоа тој најави и дека ќе го запре финансирањето на организацијата.

Би можело да ве интересира

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја