Трамп го испраќа зетот Џеред Кушнер на Блискиот исток

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро на Блискиот исток ќе ги испрати својот зет, Џеред Кушнер, и преговарачот, Џејсон Гринблат, за таму да се сретнат со регионалните лидери и да разговаат за „патот кон суштински израелско-палестински мировни преговори“, најави денеска претставник на Белата куќа.

-Иако регионалните разговори имаат значајна улога, претседателот потврдува дека за мирот меѓу Израелците и Палестинците може да се преговара само директно меѓу двете страни и дека САД ќе ја продолжат блиската соработка со страните за да се постигне напредок во тој правец, рече претставникот на Белата куќа, пренесуваат британските медиуми.

На Блискиот исток ќе биде испратена и заменичката на советникот за национална безбедност, Дина Пауел, а на тој пат предвидени се состаноци со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Египет, Израел и Палестинската управа, додаде претставникот на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски