Трамп ги избриша спорните коментари, Твитер му го одблокира налогот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп избриша три контроверзни статуси на Твитер, откако социјалната мрежа го обвини за поттикнување насилство, поради што неговиот налог беше суспендиран повеќе од 12 часа.

Покрај заклучувањето на налогот, од социјалната мрежа му се заканија дека трајно ќе му биде отстранет доколку не ги избрише спорните коментари, откако и Твитер и Фејсбук соопштија дека сметаат оти неговите пораки ја зголемуваат веројатноста за насилство предизвикано од неговите приврзаници во Вашингтон.

Твитер, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Твич вчера блокираа делови од обраќањата на Трамп или целите негови профили на овие социјални мрежи, откако според нивните проценки, тој ги прекршил нивните правила за користење.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“