Трамп: Елиминиран е и наследникот на Ал Багдади

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е „елиминиран“ и наследникот на лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал Багдади, кој викендот беше убиен во операција на американските војници во Сирија.

– Само што добив потврда дека американските сили исто така го елиминираа заменикот број еден на Багдади. Тој многу веројатно го презеде водството. Меѓутоа и тој е мртов, напиша Трамп на Твитер.

Тој не го наведе идентитетот на лицето ниту околностите на неговата смрт. За сега не е јасно дали Трамп мислеше на смртта на портпаролот на ИД.

Курдските сили претходно соопштија дека при напад во северниот дел на Сирија убиен е Абу Хасан ал Мухаџир, десната рака на Ал Багдади и портпарол на ИД.

Трамп во неделата објави дека Ал Багдади е убиен во операција на американските сили во сириската провинција Идлиб.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат