Трамп: Експлозијата во Бејрут предизвикана од некаква бомба

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку 78 лица, е предизвикана од „некој вид бомба“.

– Се сретнав со некои од нашите високи генерали и изгледа дека тие мислат оти тоа не е настан предизвикан од некаква фабричка експлозија. Се чини дека тие мислат дека станува збор за напад. Тоа било некој вид бомба, изјави Трамп.

Неколку либански официјални лица претходно изјавија дека експлозијата во магацин во пристаништето во Бејрут најверојатно била предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат, eксплозив кој таму се чувал со години без безбедносни регулативи.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски