Трамп: Добро се справуваме со заканите од Северна Кореја

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „сигурен како никогаш досега“ дека мерките што се преземаат против Северна Кореја дават ефикасни резултати.

Во обраќање пред група воени претставници во базата „Ендрјуз“ во близина на Вашингтон, Трамп оцени дека меѓународната заедница успева добро да се справи со заканите што доаѓаат од Северна Кореја.

Ваквата оценка на Трамп успеди откако вчера во раните утрински часови Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел, која ја надлета територијата на Јапонија и се урна во водите на Тихиот Океан.

Говорејќи за ова истрелување на ракетата, Трамп нагласи дека со ваквата постапка Севрена Кореја „ја покажала својата омраза кон соседите и кон целиор свет“.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски