Трамп: ДеСантис е добро момче, но не треба да учествува на изборите во 2024 година

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека гувернерот на Флорида Рон ДеСантис не треба да се кандидира на претседателските избори во САД во 2024 година, пишува Фокс Њуз. Трамп претходно навести дека наскоро ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори.

Во интервју за каналот, Трамп го опиша ДеСантис како „добро момче“, но рече дека ако гувернерот на Флорида одлучи да влезе во претседателската трка, тоа нема да им се допадне на републиканските гласачи и нема да биде од корист за партијата. – Не знам дали ќе се кандидира. Мислам дека ако се кандидира, може да направи голема штета, рече Трамп. – Мислам дека би направил грешка. Мислам дека тоа нема да им се допадне на поддржувачите. Мислам дека нема да биде добро за партијата, рече поранешниот претседател.

Трамп, исто така, рече дека ако Де Сантис се кандидира за претседател, тој ќе каже „работи за него што не би биле многу ласкави“. – Знам за него повеќе од кој било, со можен исклучок на неговата сопруга, рече поранешниот претседател.

Трамп го поддржа Де Сантис за гувернер на Флорида на вчерашните избори. Сепак, поранешниот претседател претходно го исмејуваше ДеСантис, а некои сугерираат дека ова зборува за тензијата меѓу двајцата републиканци во врска со претседателските избори во 2024 година, на кои гувернерот на Флорида беше претставен како можен кандидат. Трамп сè уште не објави дали ќе се кандидира, но во понеделникот рече дека ќе даде „голема најава“ на 15 ноември.

Во интервјуто за Фокс њуз, тој рече дека доколку се кандидира и биде реизбран за претседател, првото нешто што ќе го направи е „да ја затвори границата и да го запре криминалот“. Тој исто така посочи дека, според него, демократскиот претседател Џо Бајден нема да се кандидира за втор мандат. „Тоа е незамисливо“, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски