Трамп дециден: До десет години затворска казна за оној што ќе вандализира споменик во САД

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп согледувајќи ја ситуацијата низ САД каде демонстрантите се повеќе ги вандализираат спомен обележјата на историските личности, реагираше на социјалната мрежа Твитер дека оној кој се реши повторно да уништува или соборува споменици или друг вид на федерален имот, ќе се соочи со казна затвор до 10 години.

„Ја овластив Федералната Влада да го уапси секој оној што ќе вандализира или уништува споменик, статуа или друг таков Федерален имот во САД со затворска казна до 10 години, според Законот за зачувување на спомен обележјата на ветераните, или според други закони што би можеле да бидат релевантни…“, напиша Трамп.

Подоцна, тој додаде дека одлуката ќе биде спроведена веднаш и може да се користи ретроактивно за дела како уништување или веќе предизвикан вандализам.

„Исклучоци нема да има!“, им порача Трамп на демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел