Трамп би размислил за напад врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ изјави дека би размислил за употреба на воена сила против Иран, за да го спречи да се снабди со нуклеарно оружје, но го остави отворено прашањето дали тоа се однесува и за заштита на испораките на нафта.

За разлика од некои републиканци во Конгресот, кои инсистираат на воен одговор, Трамп рече дека нападите на двата танкери во Оманскиот Залив засега се „многу мали“ инциденти.

Во интервјуто Трамп изјави дека се согласува со заклучоците на американската разузнавачка служба дека Иран извршил напади врз танкери, но додаде дека откако тој е претседател, Техеран е помалку непријателски настроен кон Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Трамп му честита на Нетанјаху за „најдолгиот премиерски стаж во историјата на Израел“

Ана Ололовска

Иран уапсил 17 шпиони на ЦИА

Ана Ололовска

Итна седница на британската Влада заради заплената на танкерот во Ормутскиот теснец

Ана Ололовска

Филип Рикер неделава во Атина и Скопје

Ана Ололовска

Помпео: Мексико е еден од најважните партнери на САД

Ана Ололовска

Трамп бара конгресменките да им се извинат на САД и Израел

Ана Ололовска