Кандидатот на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека одлуките во Белата куќа ги носи група на „фашисти, комунисти и марксисти“. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека „тие“, за разлика од него, се закана за демократијата.
„Мислам, погледнете што направија. На (Џозеф) Бајден му ја одзедоа кандидатурата за претседател како да беше дете. Му ја одзедоа претседателската функција. Неговата сопруга не сакаше тоа да се случи“, рече Трамп.