Трамп бара да се вклучи и земјоделството во трговските преговори со ЕУ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ако не бидат вклучени земјоделските производи во трговските преговори со ЕУ, тој ќе воведе царини за европските автомобили.

Европската Унија вчера одобри нов мандат за трговски преговори со САД, но само во делот на индустриските производи и бара укинување на царините за челикот и алуминиумот, воведени лани од страна на американската Администрација.

Еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром вчера порача дека ЕУ е подготвена да ги започне преговорите во секое време, но дека сега е на САД да го одобрат преговарачкиот мандат. Европскиот преговарачки мандат експлицитно исклучува секакви разговори околу земјоделските производи.

Но, денеска се огласи американскиот претседател, за кого е неприфатливо во преговорите да не бидат вклучени фармерските производи.

– Речиси и да не ги земаат нашите земјоделски производи, а можат да продаваат „Мерцедес Бенц“ и да продаваат што сакаат во нашата земја, вклучително и земјоделски производи, изјави Трамп.

Тој се закани дека ќе воведе царини врз европските автомобили, но и врз други производи.

– Им реков дека ако не се смени ќе им воведеме царини врз автомобилите и сѐ што доаѓа со тоа, не може така да ги третирате нашите земјоделци, не може така да го третирате нашиот народ, изјави претседателот на САД.

Земји како Франција се строго против секакви трговски преговори кои би претставувале опасност за европските земјоделци.

ЕУ и САД со години се обидуваат да склучат договор за слободна трговска зона, но безуспешно. Последниот обид беше Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство, попознато како ТТИП, но договорот пропадна поради противење како во ЕУ, така и во САД.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус