Трамп: Ако не бидам реизбран за претседател, американската економија ја чека крах

Од:

Американската економија може да доживее невиден крах, ако јас не бидам реизбран на функцијата на претседателските избори во ноември 2020 година, оцени претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Економијата на Трамп постигнува рекорди и во иднина не чекаат уште многу… Но, ако некој друг, наместо мене, победи на изборите во 2020 година, тогаш ќе настане крах на берзите, каков што не сте виделе претходно. Да ја зачуваме Америка голема, објави Трамп на Твитер, без да прецизира за какви „рекорди во економијата“ станува збор.

Трамп планира да биде кандидат за претседател на САД на Републиканската партија и да се бори за втор претседателски мандат на изборите следната година. Од друга страна, во трка за демократски претседателски фаворит се десеттина кандидат, меѓу кои за најсериозни важат поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и сенаторот Берни Сандерс.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека и Бајден и Сандерс се попопуларни меѓу Американците од Трамп.

Така, според последната анкета на „Политико“ и „Морнинг Кансалт“, во случај на дуел Трамп-Бајден, за поранешниот потпретседател би гласале 44 отсто од испитаниците, а за актуелниот претседател 33 проценти.

Во случај на претседателска трка меѓу Трамп и Сандерс, за сенаторот од Вермонт би гласале 42 отсто од анкетираните, а за актуелниот станар на Белата куќа – 32 проценти.

И во двата случаи, околу една четвртина од испитаниците изјавиле дека не знаат за кого би гласале.

Би можело да ве интересира

Трамп им нареди на американските компании да заминат од Кина

Кина возврати на воведените царини од САД

Сара Сандерс ангажирана во „Фокс Њус“

Путин со инструкции за соодветен одговор на САД

Ана Ололовска

Сандерс го претстави „Green New Deal”, планот за борба против климатските промени

Ана Ололовска

Ри Џонг-хо: Подготвени сме за дијалог, но и за конфронтации со САД

Ана Ололовска