Трагедија во Рим, новороденче се задуши под неговата мајка

Од:

Откако новороденче во италијанска болница се задуши под неговата мајка, која заспала по доењето, многумина покренаа прашања за состојбата на породилиштата низ земјата. Овој трагичен инцидент се случи на 8 јануари во болницата Сандро Пертини во Рим.

Властите започнаа истрага, а резултатите од обдукцијата се очекуваат во рок од 60 дена. Пораѓањето на 30-годишна жена траело 17 часа. Според прописите на болницата, персоналот морал да се погрижи бебето да биде вратено во посебно креветче по доењето. Обвинителите ќе истражуваат дали во овој случај се прекршени овие правила, односно дали имало невнимание на персоналот во болницата.

Една жена во блискиот кревет наводно сфатила дека новороденчето е во животна опасност и повикала помош, но детето починало пред да дојде медицинскиот персонал. Таткото на детето рекол дека болничарите го одбиле барањето на неговата исцрпена партнерка да го однесат бебето за да може да одмори неколку часа, пишува The Guardian.

“Мојата клиентка рече дека одеднаш се разбудила и видела дека нема бебе до неа. Потоа ја однеле во друга соба и и ја соопштиле трагичната вест”, рекол Алесандро Пиомби, адвокатот на мајката.

Кога во јавноста дојде веста за оваа трагедија, се јавија многу мајки кои поминале низ слична ситуација во италијанските болници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Активисти ја обоија во црно водата во фонтаната во Рим: „Вака изгледа крајот на светот“

Ана Ололовска

Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер во јужна Италија

Ана Ололовска

Италијанската влада го обвини „Вагнер“ дека стои зад бранот мигранти во Средоземното Море

Повеќе од илјада мигранти се спасени во Италија

Ана Ололовска

Италијанските власти донесоа построги затворски казни за шверцерите на мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се судрија два авиони кај Рим, загинаа пилотите

Ана Ололовска