Товарен воз со сулфурна киселина се преврте во Австралија

Од:

Товарен воз што пренесувал сулфурна киселина, излета од шините и се преврте на околу 20 километри од местото Џулија Крик, во северозападниот дел на австралиската сојузна држава Квинсленд.

Возот се состел од 26 вагони-цистерни, во кои имало 200 илјади литри од оваа опасна хемикалија.

Полицијата во Бризбејн соопшти дека три лица кои ја придружувале композицијата, се повредени и пренесени во болница.

Локацијата каде се превртел товарниот воз е прогласена за забранета зона, а појасот во кој не е дозволен пристапот е широк два километри.

Во соопштението на полицијата не се наведува што го предизвикало излетувањето на возот од шините, како и колкаво количество од сулфурната киселина се излеало.

Станува збор за опасна хемикалија која во допир со човечката кожа предизвикува тешки изгореници.

Местото на несреќата се наоѓа во реон кој е погоден и со поплави, па полицијата и спасувачките екипи тешко доаѓаат до возот и до превртените вагони.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски