Тора: Каталонија треба да одржи нов референдум за независност

Од:

Лидерот на шпанскиот регион Каталонија, Куим Тора, во текот на денешното заседание на регионалниот парламент повика на организирање нов референдум, што ќе го утврди статусот на Каталонија.

Североисточниот регион на Шпанија во последните три дена е преплавен од демонстранти по одлуката на Врховниот суд да затвори деветмина каталонски лидери за нивниот обид од 2017 година да го спроведат отцепувањето на овој регион од Шпанија.

Каталонскиот регионален претседател, Куим Тора, денеска оддржа говор пред претседателот на регионалниот парламент Роџер Торенто, во текот на пленарното заседание во регионалниот парламент во Барселона.

Тора се појави пред регионалните пратеници за да ги информира за договорениот одговор на преседанот на шпанскиот Врховен суд против лидерите на независноста, како и за немирите и протестите што се одржаа во регионот во последните денови.

Тора ги отфрли тврдењата дека каталонското движење за независност прибегнува кон насилни средства, забележувајќи дека постои „лажен наратив“ што постојано го опкружува.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата