Тора: Ако не разговараме, протестите нема да престанат

Од:

Каталонскиот регионален лидер Ким Тора изјави дека протестите, на кои често доаѓа до судири со полицијата, нема да завршат сè додека шпанската Влада не се согласи да ги ислуша барањата на сепаратистите.

– Ако не седнеме да разговараме, тоа нема да запре, рече Тора.

Тој ова го изјави после една недела немири во Барселона и други градови во североисточниот регион на протестите кои почнаа по изрекувањето на затворските казни на девет сепаратистички лидери.

Тора го критикуваше шпанскиот премиер Педро Санчез што не се согласи да се сретне со него кога денеска ги посети повредените полицајци во Барселона.

Шпанија мора да сфати дека ова „ги надминува рамките на Каталонија“ и оти „никој не може да управува со Шпанија без да го слуша гласот на Каталонците“, истакна Тора.

Шпанскиот привремен премиер Педро Санчез денеска беше во посета на Барселона по повеќедневните протести во таа област, но одби да се сретне со лидерите кои се залагаат за независност на Каталонија. Тој го обвини Тора не ја исполнил својата должност да воспостави ред.

Санчез беше пречекан од стотици мирни демонстранти, кои ја пееја каталонската химна и истакнуваа транспаренти со кои го повикаа да „седне и да разговара“ со регионалната Влада.

Санчез во Барселона се сретна со безбедносните сили и полицајците кои беа повредени на протестите, како и со лекарите задолжени за нивно закрепнување.

Претходно денеска тој му упати писмо на Тора, во кое посочи дека тој не успеал да обезбеди складен соживот меѓу оние кои се „за“ и „против“ независност на Каталонија. Санчез во писмото оценува дека Тора им „свртел грб“ на безбедносните сили и го повика да ги осуди немирите.

Во текот на викендот Тора наведе дека постојано осудувал насилство и го критикуваше премиерот дека избегнува насилство.

Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.

Во немирите во текот на изминатата недела повредени се повеќе од 500 лица, а полицијата приведе над 150 луѓе.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка соопшти дека во судирите во петокот се повредени 101 полицаец, а оштетени се 264 полициски возила.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата