Топ 10 плажи во Европа

Од:

Врз основа на коментарите и мислењата на туристите кои ја посетиле Тrip Advisor, страницата советник за патување, Топ 10 европски плажи за ова лето се:

1. Олудениз (Турција), попозната под името Тиркизен брег е највпечатливата плажа во Турција. Фотографии од оваа плажа има во сите светски туристички водичи. Плажата нуди одличи услови за љубителитете на параглајдерството.

2. Ичмелер (Турција)

Не очекувајте бурен ноќен живот на ова место, но тие кои летувале овде велат дека тоа е и предност.

3. Порт де Алкудиа (Шпанија)

Плажите долги до 7 километри со мел бел песок околу крајбрежјето ја прават оваа плажа една од најубавите. Во околината има мали рибарски села и остатоци од античкиот Рим.

4. Бормут (Обединето Кралство)

Плажата е долга до 10 километри. Поради многу пријатна клима, плажата им е омилена на Британците. За секого има по нешто и за сурферите и за малите деца.

5. Бенидорм (Шпанија)

Овде можете мирно да се релаксирате, но и да бидете активни. Изборот е ваш, сонце или сончање или скијање на вода.

6. Албуфеир (Португалија)

Прекрасна плажа со бели мавритански куќи, убави карпи кои го одземаат здивот, модерни и антички тврдини.

7. Анталија (Турција)

Град кој најбрзо напредуваше на Турција. Туристите од целиот свет доаѓаат да ги видат големите плажи, но и да научат по нешто за традицијата на Турција. Децата можат да уживаат во земјата на делфините и морските животни.

8. Плаја дел Инглес (Шпанија)

Најголемото одморалиште на Канарските Острови стана туристичко место во 60-тите години на минатиот век. Постои простор за секого и со секаков буџет.

9. Коралехо, (Шпанија)

Коралехо е најголемиот комплекс во Фуертевентура. Плажата покрај мирните води е најдобра за одмор со семејството. Кој сака сурфање мора да оди до Стаклениот Брег.

10. Порто де Кармен (Шпанија)

Плажата претежно ги привлекува младите луѓе. Овде постојат многу казина, продавници, одлични ресторани и забавен ноќен живот.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска