Тонино Пицула ќе биде известувачот на ЕП за односите со САД

Од:

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е назначен за постојан известувач на ЕП за односите со Соединетите држави, јави Хина. Пицула, од оваа должност, во името на Европскиот парламент ќе ги покрие сите теми поврзани со односите ЕУ-САД, а ќе биде претставен од Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) и неговата парламентарна група на Социјалисти и демократи

Меѓу приоритетните теми со кои ќе се занимава Пицула ќе бидат еднаквоста на граѓаните на сите земји членки на ЕУ во односите со Соединетите држави, како и укинувањето на двојното оданочување, соопшти неговиот кабинет.

Пицула изјави дека со ова назначување му е искажана голема доверба бидејќи односите со САД се една од најважните европски теми во овој мандат на ЕП.

-Гледајќи го моментот, бранот оправдани протести против расистичкото насилство што од минатата недела ги зафатија САД, полициската бруталност против демонстрантите и медиумите што се под закана за демократските стандарди во таа земја, докажуваат дека кон односите со оваа земја треба да се пристапи со должно внимание, особено кога ЕУ и самата води борба против антидемократските сили кај некои нејзини членки , рече Пицула.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност