Токио четврти ден по ред го соборува рекордот на новозаразени

Од:

Токио забележа најголем дневен број на инфекции со коронавирус четврти ден по ред, додека варијантата омикрон продолжува брзо да се шири.

Во главниот град на Јапонија се регистрирани 11.227 нови случаи на зараза, соопштија локалните власти, еден ден по повторното воведување на ограничувањата за движење и деловни активности, кои треба да траат до 13 февруари.

Бројот на заразени скокна скоро 2,5 пати во однос на една недела порано кога имаше 4.561 новозаразен. Три лица починаа, а 12 пациенти се во тешка состојба. Стапката на зафатеност на болничките кревети во Токио се зголеми на 34,3 отсто. Зголемувањето на 50 отсто би ја оправдало вонредната состојба со построги ограничувања, рекоа локалните власти.

Префектурата Осака соопшти дека денеска има 7.375 заразени, што е рекорд втор ден по ред.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија