Тирол: Нобеловата награда ми претставува големо изненадување

Од:

Францускиот економист Жан Тирол, кој ја доби годинашнава Нобелова награда за економија, изјави дека нејзиното доделување го примил со изненадување и задоволство, јави дописникот на МИА од Париз.

– Не сме најдобри оценувачи на своите сопствени трудови и таа (наградата) не беше нешто на што сметав, изјави тој.

Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека Тирол бил награден за „неговите анализи за моќта на пазарот и регулацијата“. Жирито оценило дека Тирол е „еден од највлијателни економисти на нашето време“.

Тирол е трет Французин кој ја добива Нобеловата награда за економија. Toj е претседател и основач на Школата за економија во Тулуз. Во неговите истражувања тој посебно се интересира за индустриска економија, која го изучува функционирањето на пазарите и однесувањето на компаниите на овие пазари, како и за банкарскиот систем и меѓународна економија, со користење на методологијата на теоријата на играта и информации.

Францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш му честита на новопечениот нобеловец, нагласувајќи дека „оваа Нобелова награда фрла светло врз квалитетот на научното истражување“ во Франција.

Премиерот Мануел Валс преку Твитер го поздрави нобеловецот, со што тој гледа директен удар за сите оние кои практикуваат „French bashing“, тенденција на некои политичари и интелектуалци да ја критикуваат Франција.

Портпаролот на француската Влада Стефан Ле Фол, во нагарадата за Жан Тирол гледа „признание за француската економска мисла“. – Оваа Нобелова награда е признание за француската економска мисла која во моментов во светот претставува извесна посебност, рече Фол.

Притоа тој додаде дека тоа што Нобеловата академија „избрала да го награди, е доказ за апсолутна неопходност што посоти денес, во услови на кризата, за потребата од регулатива и елементи на стабилноста и сигурност во управување со економија и дека тоа не треба да се темели само на пазарните механизми“.

Би можело да ве интересира

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Ана Ололовска

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

Ана Ололовска

Пет занимливости за Нобеловата награда

Ана Ололовска

Почнува неделата на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Боб Дилан ја прими Нобеловата награда за литература

Наум Локоски

Нобеловиот комитет се уште нема директен контакт со Боб Дилан

Емир Латифовиќ