Тинејџери си ги тужат родителите затоа што не ги пуштаат да се вакцинираат

Од:

17-годишно момче од Италија ангажирало адвокат за да ги принуди своите родители да му дозволат да се вакцинира против коронавирусот, јавува агенцијата АНСА. Тинејџерот од Фиренца е еден од 17 малолетници во земјата кои го побарале адвокатот Џани Балдини, специјализиран за прашањата на старателството и ограничувањата кои произлегуваат од него.

Според италијанските закони, малолетниците мораат да имаат одобрување од родителите за да примат некој лек или да им биде дадена вакцина.

Во случајот за кој пишува италијанската новинска агенција, по интервенцијата на адвокатот, родителите на крајот потпишале согласност, но со клаузула во која се оградуваат од одговорност во случај на несакани последици од вакцината.

Според последните податоци на италијанските здравствени власти, во земјата, која е една од најтешко погодените од пандемијата во Европа, повторно расте бројот на новозаразени со коронавирусот, а во последните 24 часа се регистрирани 2.455 нови случаи на Ковид-19. Повеќето од новите случаи се заразени со делта-сојот на вирусот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши