Тимошенко протестирала лежејќи на подот 40 часа

Од:

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко лежела повеќе од 40 часа на подот од затворската болница во знак на протест затоа што затворските власти не дозволуваат нејзините сојузници од опозиција да ја посетат, изјави адвокатот на поранешната премиерка.

– Јулија Тимошенко лежеше на подот од болничкиот ходник од петок во 16.30 до недела во 13 часот – им изјави на новинарите адвокатот Александар Плахотнијук.

– Таа за тоа време не јадеше, а бањата беше затворена за да ја принудат да стане – рече Плахотнијук, додавајќи дека нејзината здравствена состојба се влоши драстично после тоа.

– Тоа беше мојот нем крик – порача Тимошенко во соопштението издадено од страна на нејзината прес служба.

Поранешната украинска премиерка поради болки во грбот, од мај е на лечење во затворската болница.

Затворската управа во петокот го одби барањето на тројца членови на опозицијата да ја посетат Тимошенко, но во неделата го промени мислењето и одлучи да направи “исклучок”, пренесува АФП.

Тимошенко (51) беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на власта, и тврди дека нејзината пресуда е одмазда на Украинскиот претседател Виктор Јанукович кон неа и нејзината поранешна влада.

Би можело да ве интересира

Русија предупредува: Радиоактивниот облак се движи кон Европа поради уништената муниција со осиромашен ураниум

(ВИДЕО) Претседателот на Италија до Зеленски: Целосно сме со вас

Ана Ололовска

Словачка ја укина забраната за увоз на земјоделски производи од Украина

Ана Ололовска

ЕУ привремено го забрани увозот на украинско жито во пет земји-членки

Ана Ололовска

Русија јасна: Продолжуваме во Украина

Кенеди: Ве лажат, Русите ги убиваат Украинците со 8:1

Предраг Петровиќ