Тимерманс: Новата Влада на Италија е јасно на проевропска линија

Од:

Потпретседателот на Европска Комисија, Франс Тимерманс изјави дека е добро што новата италијанска Влада е на целосно проевропски курс и додаде дека е подготвен на соработка со неа.

– Мислам дека е добро што новата италијанска Влада е јасно ангажирана на проевропска линија за изнаоѓање на заеднички решенија со Унијата, посочи Тимерманс.

– Тој пред новинарите во Брисел наведе дека е подготвен да соработува со италијанската Влада.

Новата италијанска коалициска Влада денеска положи заклетва. Дваесет и едниот министер, чија просечна возраст е 37 години, во моментов ја одржуваат својата прва седница.

Една од првите одлуки што се очекува да се донесе е назначувањето на поранешниот премиер Паоло Џентилони од Демократската партија, за претставник на Италија во новата ЕК.

Новата Влада ја сочинуваат Движењето пет ѕвезди, членка на досегашната владејачка коалиција, и опозициската Демократска партија.

Формирањето на новата влада доаѓа по распадот на досегашната коалиција на Движењето пет ѕвезди и десничарската Лига на Матео Салвини, кој сакаше нови избори со надеж дека ќе освои мнозинство доволно за Лигата сама да формира Влада, а со оглед на големата популарност што во моментов лично ја ужива поради својата антиимигрантска и анти-ЕУ политика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим