Тим кучиња спасува коали во Австралија

Од:

Австралијанец нашол начин за да спасува коали од пожарите во Австралија, објавува Си-Би-Ес. Дресерот на кучиња Стив Остин ги издресирал неговите кучиња Томи, Ема и Беки да бараат и спасуваат повредени, но живи коали од пожарите што ја зафатија земјата.

Остин работи со кучиња повеќе од 30 години и објаснува зошто тие се одлични за оваа работа.

„Кај кучињата нема пристрасност. Кај нив не постои “нема шанса да има коала таму’, туку ‘мора да има коала таму’“, вели Остин и додава дека нивните носови се нивната најдобра алатка.

Неговиот тим од три кучиња е посебно истрениран за да го следи мирисот на изметот од коалите, а кога некое од нив ќе најде коала, тој им дава топче за подарок.

Кучињата досега нашле 16 повредени коали.

Се претпоставува дека една третина од популацијата на коали во Нов Јужен Велс настрада во пожарите, а бројката е повисока во другите држави. Коалите, со популација од 100.000 до 200.000 беа на граница на истребување и пред пожарите. Тие важат и како вид за кој би биле потребни 100 години за да се обнови, па оттаму спасувањето и на една коала е повеќе од значајно.

Би можело да ве интересира

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен