ТикТок се придружува кон ЕУ Кодексот против говорот на омраза

Од:

ТикТок, една од најпопуларните социјални мрежи, најави дека се придружува кон Кодексот против нелегален говор на омраза на ЕУ.

Кон Кодексот веќе се приклучија Фејсбук, Мајкрософт, Твитер, Јутјуб, Инстаграм, ДејлиМоушн и Снепчет, меѓу другите.

Одлуката на ТикТок ја поздрави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

-Со потпишувањето на нашиот Кодекс на однесување, ТикТок покажува цврста посветеност кон справувањето со нелегалниот говор на омраза на интернет. На ЕУ и е потребна солидна соработка со големи чинители како овие за да ја направи онлајн средината безбедна, изјави Рејндерс.

Според последните наоди од извештајот на Кодексот за однесување на интернет, платформите изминативе месеци отстраниле 71 отсто од објавените содржини затоа што биле оценети како нелегален говор на омраза.

Кодексот постои од 2016-та година.

Би можело да ве интересира

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ