Тихановскаја: Подготвени сме да му дадеме безбедносни гаранции на Лукашенко

Од:

Поранешната кандидатка за претседателка на Белорусија, Светлана Тихановскаја изјави дека опозицијата е подготвена да му пружи „безбедносни гаранции“ на претседателот Александат Лукашенко ако мирно се повлече од функцијата.

Таа одговарајќи на новинарско прашање дали ќе му бидат дадени безбедносни гаранции на Лукашенко ако мирно се повлече од власта, Тихановскаја истакна дека за тоа може да се разговара.

– Секако, ако мирно замине, постои таква можност, дури можам да кажам и убедување. Морам лично да зборувам во име на сите луѓе, а нивното мислење ќе биде земено во предвид во овој случај, наведе Тихановскаја.

Таа додаде дека Лукашенко може да добие и повеќе.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија почнаа на 9 август, по претседателските избори на кои Лукашенко прогласи победа со освоени 80,1 отсто од гласовите. Опозицијата тврди дека резултатите се лажирани.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски