Тест за демократијата во Украина

Од:

Денеска е изборен молк во Украина пред утрешното гласање за пополнување на 450-те пратенички столчиња во Верховната Рада.

Во трка се 87 политички партии, но само 21 од нив ќе излезат на гласање за партиските листи. За Украина како една изборна единица за 225 пратенички места ќе се натпреваруваат 2554 кандидат, според мнозинскиот, 2654.

Социолозите предвидуваат излезност од 60% до 70% од гласачите. Во Украина се регистрирани 36.256.000 483 гласачи, тие ќе бидат во можност да гласата на 33 илјади 639 избирачки места 8,00-20,00 по локално време

Гласачките места ќе бидат отворени и во странство. Вкупно во странство ќе има 116 избирачки места во 77 земји.

Изборниот модел е комбиниран, половина се бираат според пропорционалниот а половината според мнозинскиот систем.

Токму мнозинскиот систем, велат експертите, ќе биде одлучувачки владеачката Партија на регионите да освојат мнозинство, но не толкаво колку што посакуваат.

Последната анкета покажува дека владеачката Партија на регионите има поддршка од 23 проценти од гласачкото тело, „Удар“ на Кличко, 16 проценти, Здружената опозиција на Тимошенко 15, Комунистичката партија 10, Напред Украина на фудбалерот Шевченко и Королевски околу 7 проценти.

За партијата на Шевченко се претпоставува дека всушност работи за владеачката партија.

Граѓаните се незадоволни од тешката економска ситуација. Украинците живеат со просечна плата од околу 200 евра, енормно зголемени цени, а стравот и разочараноста се и поради Тимошенко.

Анкетата на меѓународниот фактор, покажа дека 73 проценти од Украинците сметаат дека Украина се движи во погрешна насока.

Иако експертите не предвидуваат судири и масовни протести на денот на изборите, сепак можност и опасност за нерегуларности се очекува при пренесувањето на изборниот материјал, бидејќи има несоодветно голема километража од гласачко место до општинската изборна комисија

Според Министерството за внатрешни работи на Украина, се очекува дека утре за регуларноста ќе се грижат околу 65-70.000 полицајци.

Изборниот процес во Украина ќе го следат повеќе од 130 илјади набљудувачи регистрирани од страна на невладини организации, политички партии и кандидати, како и четири илјади меѓународни набљудувачи.

Според Централната изборна комисија, претставници за изборите на Верховната Рада испратат 35 меѓународни организации и 28 странски земји.Тука се набљудувачите од ОБСЕ , Советот на Европа, ЕНЕМО. Граѓанската асоцијација „МОСТ“ е генерален секретаријат на европската набљудувачка миисија ЕНЕМО, и ја координира комплетната операција.

Според германскиот амбасадор во Украина Кристоф Вејл, ако меѓународните набљудувачи ќе даде негативна оценка за парламентарните избори во Украина, тоа значително ќе ги намали шансите за потпишување на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и ЕУ.

Прелиминарните изборни резултати за партиските листи може да биде познати во понеделникот наутро.

Официјалните резултати Централната изборна комисија треба да ги достави на 12 ноември.

Подготви: А1он

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот