Терци: Израелски напад врз Иран е сосема возможен

Од:

Израелски напад врз иранските нуклеарни капацитети е сосема возможен и покрај се поверојатниот нов круг преговори за спорната нуклеарна програма на Иран во следните неколку недели, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Џулио Терци.

Според него, евентуален израелски напад врз Изран би претставувал „последното можно средство“ за да се принуди Техеран да се откаже од производство на атомска бомба, но тој од друга страна би имал „ужасни последици“ врз регионот на Блискиот Исток.

Тешко дека би можело да се оспори фактот оти Израел се чувствува загрозен, изјави Терци.

Терци признава дека планот за израелска воена интервенција врз иранските нуклеарни објекти „се уште е на маса“, нагласувајќи дека треба да се направи се што е можно за да не дојде до нешто такво, бидејќи тоа би имало катастрофални последици.

ЕУ последниве недели го засили притискот врз Техеран за одржување нова рунда преговори меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ посветена на иранската нуклеарна програма уште во текот на следниот месец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски