Тепачка и водени бомби во тајванскиот Парламент

Од:

Жестока расправа денеска прерасна во масовна тепачка во тајванскиот Парламент, третпат за 15 дена, а некои пратеници ги нападнаа политичките противници со водени бомби.

Физичките напади не им се непознати на тајванските пратеници, а последните две недели беа особено бурни за време на дебатата за назначување иден шеф на агенцијата за надзор на владата.

Физички пресметки се случија и кога се дискутираше за реформите и намалувањето на пензиите пред четири години, во време кога претседателката Цаи Инг-вен ја презеде функцијата.

Пратеник од владејачката Демократска напредна партија (ДПП) удри со тупаница колега од опозициската Куоминтанг (КМТ). Подоцна, пратениците од КМТ одговорија на нападите на колегите од ДПП со водени топови, поради што морале да облечат кабаници и да се штитат со големи картонски паноа.

ДПП, која има мнозинство во Парламентот, ја предложи на чело на агенцијата 70-годишната Чен Чу, позната активистка за човекови права, која помина шест години во затвор во времето на владеењето на КМТ.

Би можело да ве интересира

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

Силен земјотрес го погоди Тајван

САД му испраќа оружје во Тајван

Пентагон: Стејт департментот одобри продажба на воена опрема за Ф-16 на Тајван