Тело на жена пронајдено во куфер во Лондон, во тек е меѓународна потрага

Од:

Во тек е меѓународна потрага по маж кој е поврзан со смртта на жена чие тело е пронајдено во куфер во западен Лондон.

Телото на Џоана Борукa (41) е пронајдено во хостел на 18 декември, повеќе од еден месец откако последен пат била видена жива, пренесува Би-Би-Си.

Детективите велат дека треба итно да разговараат со 50-годишниот Петрас Залинас, литвански државјанин, за кој се верува дека е во Германија.

Англиската полиција соопшти дека соработува со европски колеги во обид да се лоцира Залинас.

Борука, која е од Полска, последен пат е видена живa на 13 ноември, минатата година. Нејзиното тело било пронајдено откако соседите пријавиле смрдеа која траела скоро две недели.

Според извештаите на медиумите, нејзиното тело било ставено во куфер, а причината за смртта сè уште не е позната.

Полицијата апелираше до литванската заедница да им помогне да го лоцираат Залинас.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он