Телефонски разговор на Бајден со саудискиот крал ал Сауди

Од:

Во првиот разговор на претседателот на САД, Џо Бајден со саудискиот крал Салман бин Абдулазис ал Сауди била потврдена „американската посветеност да и помогне на Саудиска Арабија во одбрана на својата територија додека е соочена со напади од групи поврзани со Иран“.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден ја „потврдил важноста на универзалните човекови права и владеењето на правото“ во Саудиска Арабија. Тој го пофали и ослободувањето на активисти од саудиските затвори.

Бајден и ал Сауди разговарале и за обновените дипломатски напори за завршување на војната во Јемен.

– Нашата администрација е фокусирана на поправање на односите. Сигурно постојат подрачја каде ќе изразиме загриженост и ќе ја оставиме отворена опцијата на одговорност. Исто така постојат подрачја каде ќе продолжиме да работиме со Саудиска Арабија со оглед на заканите со кои се соочува регионот, изјави портпаролката на Белата куќа. Џен Псаки.

САД наскоро ќе објави разузнавачки извештај за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во октормври 2018 година во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски