Телефонски разговор на Бајден со лидерите на Шведска и Финска

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Ниинисто нешто повеќе од половина час, соопшти Белата куќа. Финска и Шведска сигнализираат своја намера да се приклучат на НАТО.

Ниинисто на Твитер напиша дека во заедничкиот телефонски разговор била изразена длабока загриженост поради војната што Русија ја води во Украина. Тој напиша дека на Бајден му ги објаснил „следните чекори на Финска“ кон станување дел од трансатлантската одбранбена група и дека неговата земја „длабоко ја цени сета потребна поддршка од САД“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија