Телефонски разговор Ердоган-Путин

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за време на кој се разговарало за регионални прашања, со посебен осврт на развојот на односите меѓу Турција и Русија и коридорот за жито, се наведува во соопштението од Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Турција.

Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот конструктивен став за продолжување на истанбулскиот Договор за извоз на жито за 120 дена, пренесува Анадолија.

Посочувајќи дека продолжувањето на руско-украинската војна ќе ги зголеми ризиците, Ердоган рече дека поради тоа треба да се заживеат дипломатските разговори. Тој нагласи дека контактите на шефовите на руските и американските разузнавачи во Турција играат клучна улога во спречувањето на неконтролирана ескалација на теренот.

Изразувајќи задоволство од предлогот на рускиот претседател за формирање центар за природен гас во Турција, Ердоган рече дека техничките и правните тимови ќе го оценат предлогот за Турција да стане енергетски центар што е можно поскоро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор